Шведското Обвинителство ја прекина истрагата против Џулијан Асанж

19.05.2017 12:07

Јавниот обвинител на Шведска, Марјан Њу реши да ја прекине истрагата против Џулијан Асанж за тврдењата за силување, се наведува во соопштението на Обинителството.

Шведското обвинителство ја прекина истрагата за случајот на Џулијан Асанж во кој е обвинет за силување. Од 2012 година, основачот на Викиликс живее во еквадорската амбасада во Лондон.

45-годишниот Асанж тврди дека обвинувањата се дел од заговорот за негова екстрадиција во САД каде што се товари за објавување на доверливи информации на владата.

Асанж неодамна ги повика Велика Британија и Шведска да ја спроведат одлуката на ОН кој пред една година оцени дека притворот е чин на самоволие. Лондон и Стокхолм тогаш го одбија предлогот на работната група.