Могерини ги очекува балканските премиери на неформална вечера во Брисел

19.05.2017 12:54

Поканата е испратена до премиерите. Ние ќе ги потврдиме имињата на оние кои ќе присуствуваат на оваа неформална вечера кога ќе бидеме поблиску до датумот, вели портпаролката Маја Коцијанчич.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини ги очекува актуелните премиери на, Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора на неформална вечера во Брисел. Состанокот е закажан за в среда, 24-ти мај.

Поканата е испратена до премиерите. Ние ќе ги потврдиме имињата на оние кои ќе присуствуваат на оваа неформална вечера кога ќе бидеме поблиску до датумот, вели портпаролката Маја Коцијанчич.

Не сум сигурна дека тоа ќе го наречам чудо, туку резултат на силна работа и политичка волја. Кога говорите за регионот на Западен Балкан, тоа е регион што има европска перспектива, па затоа таму Унијата е силно посветена. Исто е и со пјр Македонија и со Албанија. Ние реагиравме на развојот на настани и ќе продолжиме да работиме со тие две земји и со целиот регион- рече Коцијанчич.

Тема на неформалниот состанок ќе биде ситуацијата во регионот.