Игран филм

ГОЛЕМАТА УБАВИНА

Петок (26.05.2017) 21:05
Италија, 2013

Режија: Паоло Сорентино
Улоги: Тони Сервило, Карло Вердоне, Сабрина Ферили, Карло Бучиросо
Жанр: драма

Филмот го отсликува декадентниот и извештачен свет на високата буржоазија во Рим, во чиј виор е Џеп Гамбардела, тажен 65 годишен писател и новинар. Овој плејбој и крал на високото  друштво е шармантен хроничар на Рим, на културниот живот на вечниот град, кој е чест гостин на забавите и заработува за живот како новинар. Дејството на филмот се  одвива во антички палати, во  скапоцени вили и на најубавите плоштади во градот. Аристократки, амбициозни поединци, политичари, криминалци, новинари, уметници и интелектуалци, ја плетат мрежата на декадентниот свет, морално мртвило од кое се врти во глава..

Филмот Големата убавина освои Оскар за најдобар странски филм  на 86. доделување на наградата на Американската филмска академија, откако триумфирал на доделувањето на наградите на Европската филмска академија, кон крајот на 2013.