Игран филм

ВО ТУЃИ ПРЕГРАТКИ

Сабота (27.05.2017) 20:15
САД, 2015

Режија: Лесли Хедлендс
Улоги: Алисон Бри, Џејсон Судејкис,  Џордан Карлос
Жанр: романтична комедија

Тој е женкар, а таа ги мами своите момчиња. Пред многу години тие заедно изгубиле невиност, а сега се обидуваат да станат пријатели. Ќе успеат ли во тоа и овие две изгубени души ќе можат ли да се вратат на вистинскиот пат? Џејк и Лејни се среќаваат после 12 години во Њујорк и сфаќаат дека имаат заеднички проблем, бидејќи ниеден од нив не може да оствари подолга врска. Тие решаваат да останат пријатели и покрај меѓусебната привлечност и се договараат врската да им остане платонска, што е многу полесно да се каже, отколку да се направи.