Игран филм

БУЛЕВАР НА СТРАВОТ

Сабота (27.05.2017) 23:05
САД, 2011

Режија: Виктор Салва
Улоги: Роуз Макгаун, Лин Шејн, Реј Вајс, Даниел Суњата
Жанр: хорор/трилер

Доктор Сони Блејк е психијатар која има и своја  емисија на радио. По смртта на нејзиниот татко алкохоличар Сони се враќа во својот роден град, во куќата во која пораснала. Во старото соседство таа открива дека момчето кое разнесувало весници е пореметен психопат кој го следел нејзиниот татко. Кога тој ќе започне да ѝ се јавува во нејзината емисија започнува борба помеѓу мачка и глушец. Наскоро, работите уште повеќе се усложнуваат и Сони ќе се најде во борба на сѐ или  ништо.