Попоски на сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Никозија

19.05.2017 14:47

Во фокусот на дводневниот министерски состанок беа повеќе актуелни теми од надлежност на Организацијата, со посебен акцент врз демократската безбедност во Европа. На сесијата, генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, го претстави Извештајот за состојбата со демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на 127. сесија на  Комитетот на министри на Советот на Европа, што се одржа во Никозија, со која претседаваше Кипар, соопшти МНР.

Во фокусот на дводневниот министерски состанок беа повеќе актуелни теми од надлежност на Организацијата, со посебен акцент врз демократската безбедност во Европа. На сесијата, генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, го претстави Извештајот за состојбата со демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Комитетот на министри се осврна и на прашањата за обезбедување долгорочна ефикасност на Европската конвенција за човекови права.

Само доколку човековите права се штитат за сите и во сите земји членки подеднакво, мирот и стабилноста во Европа ќе бидат гарантирани. Различното читање на правата зависно од тоа кому се загрозени и кој ги загрозува е најголемиот ризик кој демне на овој пат. Македонски интерес е да доминира правото, а Советот на Европа е местото каде треба тоа да го обезбедиме, истакна министерот Попоски, стои во соопштението.

На маргините на настанот вчера и денеска Попоски оствари бројни средби со неговите европски колеги, се наведуав во соопштението од МНР.