Втор носач на авиони од САД патува кон Кореја

19.05.2017 15:43

Претходно, Северна Кореја направи чекор напред во ракетната програма со лансирање на проектил.

Американската морнарица прати носач на авиони кон Корејскиот Полуостров на воени вежби. „Роналд Реган“ ќе и се придружи на групата на „Карл Вилсон“  за заеднички воени маневри во период за зголемени тензии меѓу двете земји.

Претходно, Северна Кореја направи чекор напред во ракетната програма со лансирање на проектил. Засега нема информации колку време ќе се задржат двата носачи на авиони во регионот, но се очекува „Реган“ да го замени „Вилсон“.