Фудбалска репрезентација

Македонија оптимистички против Турција и Шпанија

23.05.2017 15:15

По победите против Лихтенштајн и Белорусија, составот на нашата репрезентација нема да се менува, само ќе се освежува. И овојпат во него не се младите фудбалери кои се насочени кон Европското првенство за играчи до 21 година.

Продолжување на добрите игри, но сега надополнети со позитивни резултати е целта на македонската фудбалска репрезентација во пријателскиот дуел со Турција на 5 јуни и мундијалскиот квалификациски против Шпанија, шест дена подоцна, двата во Скопје.

По победите против Лихтенштајн и Белорусија, составот на нашата репрезентација нема да се менува, само ќе се освежува. И овојпат во него не се младите фудбалери кои се насочени кон Европското првенство за играчи до 21 година. Меѓу стандардните се и четворица тинејџери кои се иднина на македонскиот фудбал и меѓу сениорите се да ја почувствувата атмосферата во најдобарата репрезентација, 17 годишните Елмас од Работнички, фудбалер на Херенвеен, Атанасов од Академија Пандев кој има преддоговор со Интер и 16-годишните Рустемовски од Грасхоперс и Чурлинов од Келн кој веќе дебитираше.

По подолгата пауза поради повреда за голманската позиција ќе конкурира и Митов - Нилсон од Норчепинг заедно со Димитриевски и Гачевски. Одбранбената петорка ја сочинуваат Ристовски, Мојсов, Шиков, Ристевски и Тошевски, средниот ред Спировски, Стјепановиќ, Трајчевски, Хасани и Алиоски, додека изборот на напаѓачи ќе биде меѓу Пандев, Несторовски, Тричковски, Трајковски и Ибраими.

„Мислите ни се насочени кон првиот натпревар, затоашто ни доаѓа одлична репрезентација како Турција и очекувам тоа да биде мотив за фудбалерите бидејќи јас секогаш сакам и на пријателски натпревари да играм со квалитетни противници. Не сме во позиција да и се закануваме на Шпанија, но очекувам од репрезентативците да бидат на високо ниво, да влезат во мечот со верба и да дадат се од себе“, изјави селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски на прес конференцијата на којашто го објави списокот од 22-ца фудбалери.

Мини подготовките ќе почнат на 31 мај, но репрезентацијата ќе биде комплетна на 3 јуни затоашто некои од интернационалците имаат клупски обврски.

Респектирајќи ги професионалните 42 години во спортското коментаторство, голем дел од нив и во фудбалското, ФФМ на денешната прес конференција за среќно пензионирање на колегата Златко Калински му подари дрес на македонската репрезентација.  

Бранко Чупески