Стинг го продава својот стан вреден 56 милиони долари во њујоршката улица на богаташите

25.05.2017 13:50

Станот се наоѓа на 16 и 17 спрат, а го купиле во 2008 година за 27 милиони долари. Сега го продаваат за 56 милиони долари, бидејќи на неговиот ентериер работеле угледни дизајнери кои го трансформирале во уникатен дом.

Британскиот рокер Стинг и неговата сопруга Труди Стајлер го продаваат станот во Њујорк Сити, кој се наоѓа на една од најскапите улици, во Централ Парк Вест.

Станот се наоѓа на 16 и 17 спрат, а го купиле во 2008 година за 27 милиони долари. Сега го продаваат за 56 милиони долари, бидејќи на неговиот ентериер работеле угледни дизајнери кои го трансформирале во уникатен дом.

Внатрешноста се простира на 1.600 квадратни метри. Имаат четири спални соби, 13 метри простор до Централ Парк. Во станот се наоѓа камин кој го разделува дневниот престој од собата за седење, која има вградени полици со книги. Во станот се наоѓа и библиотека. Од дневниот престој се влегува во модерна кујна и се доаѓа до едни од двете спирални скали. Кујната содржи два фрижидера, четири шпорети и три машини за садови.

На второто ниво, на кое исто може да се дојде со лифтот, се наоѓа луксузна спална соба со поглед на Централ Парк кој го одзема здивот.

Тука е и бањата, која има соба за облекување, спа бања и сауна. Имаат тераса од 120 метри квадратни.

Станарите на оваа зграда имаат многу поволности, меѓу кои се огромен фитнес центар, базен на врвот на облакодерот, кино сала, приватен ресторан, винарија, библиотека, соба за играње, надворешна тераса и др.