МП3 заминува во историјата

25.05.2017 13:52

Се разбира, MП3 форматот и натаму ќе може да се употребува, но форматите со повисок квалитет и функционалност, полека но сигурно го поттиснуваат со своите стандарди.

Дигиталниот аудио формат MП3 оди во историјата, потврди институтот Фраунхофер, од каде што соопштија дека ќе запрат со лиценцирањето на програмата.

Се разбира, MП3 форматот и натаму ќе може да се употребува, но форматите со повисок квалитет и функционалност, полека но сигурно го поттиснуваат со своите стандарди.

„И покрај тоа што има поефективни аудио кодеци со повеќе функции, MП3 се уште е популарен кај корисниците. Напоредно со тоа, новите медиумски услуги се повеќе ги користат современите ИСО-МПЕГ кодеци како што се ААЦ или МПЕГ-Х. Тие овозможуваат повеќе функции и повисок квалитет на звук на много помала брзина во споредба со МП3“, се вели во соопштението на компанијата.

Институтот, кој е дел од Германскиот институт за истражувања, е главен виновник за појавата, развојот и популаризацијата на музичкиот формат MП3 кон крајот на 1980-те.