Рекордна 14. победа во низа во плеј-офот за Голден Стејт

05.06.2017 11:14

Најефикасен во тимот од Оукленд беше Кевин Дурант со 33 поени надополнети со 13 скока и шест асистенции. Стеф Кари оствари трипл-дабл 32 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Кошаркарите на Голден Стејт го победија Кливленд со 132:113 (40:34; 27:30; 35:24 и 30:25) во вториот натпревар од финалната серија во НБА лигата и поведоа со 2-0. За Голден Стејт ова беше 14. победа по ред во плеј-офот што е нов рекорд во НБА лигата.

Најефикасен во тимот од Оукленд беше Кевин Дурант со 33 поени надополнети со 13 скока и шест асистенции. Стеф Кари оствари трипл-дабл  32 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Во поразената екипа најдобар играч беше Леброн Џејмс со трипл-дабл ефект 29 поени, 14 асистенции и 11 скока. Кевин Лав постигна 27 поени и седум скока.

Ноќта среда кон четврток финалната серија со натпреварот број 3 се сели во Кливленд.