На македонските театри им недостасуваат повеќе претстави

14.06.2017 11:18

Програмата на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ утревечер ја затвора МНТ со претставата „Копање“, а финишот е резервиран за мјузиклот „Тајно моја“. Според театролозите, на македонските театри им недостасуваат повеќе претстави, а на фестивалот поголема меѓународна презентација и тематски концепт на домашната драматургија...

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ влегува во завршницата. Вечер и утре се последите четири од 12-те претстави во конкуренцијата за награди. Програмата е разновидна- публиката на двете сцени ги гледа новите изведби на класиците, Шекспир, Достоевски, Ибзен, но и на македонските автори- Стефановски, Чинго, Секуловска.

Ако фестивалот е пресек на најдоброто што го нудат продукциите на македонските театри, според татролозите, им треба поголема продукција, а на фестивалот меѓународна презентација.

Фестивалот има стабилна, повеќе од пет децении, препознатлива физиономија, но добро е да добие тематски концепт со повеќе домашни автори.

Вечер на програмата се штипскиот со „Лазаревото писмо“ од Живко Чинго и турскиот театар со шекспировиот „Отело“. Фестивалот ќе го затвори Македонскиот народен театар со „Копање“, а в петок во чест на наградените е мјузиклот „Тајно моја“. Поради интересот ќе има две изведби.

Елизабета Митреска