„Трудна приказна“ прогласена за најдобра претстава на „Војдан Чернодрински“

16.06.2017 14:01

„Трудна приказна“ на Театар Комедија од Скопје е најдобра на годинашниов фестивал „Војдан Чернодрински“. Претставата се закити уште со четири награди. Со мјузиклот „Тајно моја“ вечерва се спушта завесата на театарскиот фестивал.

„Трудна приказна“ на Театар Комедија го понесе епитетот најдобора претстава на годинашниот МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата се закити со уште четири награди: за најдобра женска улога за Јелена Жугиќ, за најдобра машка и женска епизодна улога за Жарко Димоски и Ева Скендеровска, а Благица Секуловска за најдобар текст.

Фестивалското жири се раководело претставата да има современа тема, врзана со македонската традиција и да покаже врвен квалитет.

Најдобар режисер е Љупчо Ѓорѓиевски за „Лазаревото писмо“, кој направи и најдобра современа сценска драматизација на расказот на Живко Чинго. Најдобар актер е Јовица Михајловски во „Венецијанскиот трговец“ на Драмски, а прилепскиот театар доби признанија за најдобра колективна игра и сценографија со претставата „Љубовни пози на историјата“.

Со мјузикот „Тајно моја“ и со доделувањето на наградите, вечер се спушта завесата на 52-от МТФ „Војдан Чернодрински“.

 

Елизабета Митреска