Атрактивни претстави на „Битола Шекспир фестивал“

20.06.2017 10:57

Со оваа културна содржина всушност почнуваат активностите кои ќе се одвиваат во рамките на најдолгото културно лето „Битфест 2017“.

Со атрактивниот музичко- сценски колаж насловен како „Шекспир колаж“, во продукција на Битолскиот Народен театар, утревечер свечено ќе биде отворен петтиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“.

Со оваа културна содржина всушност почнуваат активностите кои ќе се одвиваат во рамките на најдолгото културно лето „Битфест 2017“.

Во 12-те фестивалски денови на „Битола Шекспир фестивал“, предвидени се гостувања на шест реномирани театарски куќи од Бугарија, Русија, Казахстан, Романија, Словачка и САД.

Со дела од англискиот драматург ќе се претстават и шест театарски куќи од земјава.