Гугл ќе ги рангира апликациите по квалитет

21.06.2017 11:52

Како што стои на самиот нивни блог, „Плеј Стор“ ќе добие нова секција - Андроид Екселенс, која ќе ги нуди само оние апликации што Гугл смета дека се квалитетни. Во таа секција ќе влезат програмите со оценка „неверојатно корисничко доживување" за квалитет и безбедност.

Со над два милиони апликации во „Гугл Плеј Стор“, наоѓањето добри програми е предизвик.

За таа цел, Гугл има намера да им помогне на корисниците на Андроид платформата, со тоа што ќе ги рангира апликациите по квалитет.

Како што стои на самиот нивни блог, „Плеј Стор“ ќе добие нова секција - Андроид Екселенс, која ќе ги нуди само оние апликации што Гугл смета дека се квалитетни. Во таа секција ќе влезат програмите со оценка „неверојатно корисничко доживување" за квалитет и безбедност.

Веќе има и список со избрани апликации. Меѓу нив се: Evernote, Hotel Tonight, Vivino, Sleep as Android, Skyscanner и Pocket. Меѓу првите топ игри пак, се наоѓаат: Hitman Go, Kill Shot Bravo, Golf Clash...

Секцијата постојано и редовно ќе се обновува, па ако квалитетот на некоја програма опадне, истата ќе отпадне од листата.