Најголемите имиња од светската поезија на „Струшки вечери на поезијата“

23.06.2017 14:06

Организаторите најавуваат атрактивно издание, со ново сценско и техничко уредување, литературни и поетски читања, издавање на нови книги и промоција на младите македонски поети.

Кинескиот поет Дуо Дуо, лауреатот на Торонто, Ен Мајклс, најатрактивниот полски поет Ришард Криницки- ова се дел од триесетината поетски имиња кои ќе учествуваат на 56. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Според организаторите, при изборот на учесниците на фестивалот се внимава да има поети од сите континенти и тие да претставуваат значајни книжевни фигури во светската поезија. Најавија уште едно атрактивно издание.

Добитник на „Златниот венец“ годинава е американскио поет Чарлс Симиќ. Добитник на наградата „Мостовите на Струга“ е хрватскиот поет Горан Чулахоџиќ. За наградата „Браќа Миладиновци“ во конкуренција се 38 автори.

Фестивалот „Струшките вечери на поезијата“ почнува на 23-ти и ќе трае до 28- ми август. Поетски читања ќе има и во Охрид, Ресен, Битола и во Скопје.

Викторија Милевска