Итна санација на Галеријата на икони во Музејот на Македонија

28.06.2017 16:22

Потребна е промена на таванскиот простор во целиот Музеј. Оштетувања има во сите поставки, како и во подрумските депоа. Тие се највидливи во Галеријата на икони...

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вели дека колекцијата во Галеријата на икони на Музејот на Македонија е оставена во крајно несоодветни услови, без мерки за заштита. Најави итна санација.

На прес-конференција министерот соопшти дека се формирани два тима предводени од стручни лица од Националниот конзерваторски центар и од Конзерваторскиот центар на Град Скопје. Тие  треба да ја скенираат состојбата и до понеделник, 3-ти јули, да достават извештај со приоритети, препораки и предлог-мерки за архитектонски решенија и санација на просторот.

Според нивната првична проценка, потребна е промена на таванскиот простор во целиот Музеј. Оштетувања има во сите поставки, како и во подрумските депоа. Тие се највидливи во Галеријата на икони особено откако на 9 март годинава паднал дел од таванот