Премиери на балетска и на претстава за деца викендов на „Скопско лето“

30.06.2017 13:54

На репертоарот на „Скопско лето“ вечер комичната опера во два чина „Така прават сите“ од Волвганг Амадеус Моцарт во изведба на оперскиот ансамбл на Уметничката академија од Осијек. На манифестацијата се предвидени 40 вечери со учество на 900 учесници од 19 држави во светот...

Култната манифестација „Скопско лето“ годинава со богата со програма. Две премиерни претстави, балет во кореографија на Саша Ефтимова и „Малиот принц“ во организација на Детскиот театарски центар.

Приказната на малиот принц низ визурата на едно момче е премиерата за најмладата скопска публика.

Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, традиционално настапува на овој летен фестивал. Организаторите продолжуваат со разновидна мултимедијална програма.

Скопско лето до крајот на месец јули ќе живее во духот на познатите европски метрополи.

Анита Никушева- Јованчев