Ѕвезди кои „побегнале“ од своите имиња

30.06.2017 14:43

Дознајте кои се дел од ѕвездите кои ги промениле имињата:

Голем број ѕвезди ги промениле своите имиња за полесно пробивање во светот на шоубизнисот.

Дознајте кои се дел од ѕвездите кои ги промениле имињата:

- Бруно Марс е роден како Питер Џин Хернандез.

- Џиџи Хадид е Елена Хадид.

- Кејти Пери е Кетрин Хадсон.

- Натали Портман е Нета-Ли Хершлаг.

- Оливија Вајлд е родена како Оливија Кокберн.

- Риз Витерспун е родена како Лаура Џин Риз Витерспун.

- Деми Мур како дете ја знаеле под името Деми Џин Гајнс.

- Хоакин Финикс е Хоакин Рафаел Бото.

- Кит Харингтон се вика Кристофер Кејтсби Харингтон.

- Џулијана Мур е Џули Ен Смит.

- Ема Стоун е скратено од Емили Џин Стоун.

- Џејми Фокс  е Ерик Марлон Бишоп.

- Келвин Харис е Адам Ричард Вајлс.

- Бред Пит порано се викал Вилијам Бредли Пит.

- Лорди избега од името Ела Марија Лани Јелич-О'Конор.

- Вистинското име на Ријана е Робин Ријана Фенти.

- Леди Гага е Стефани Џоен Анџелина Џерманота.

- Мајли Сајрус „побегна“ од името Дестини Хоуп Сајрус.

- Ники Минаж порано била Оника Тања Мараж.

- Џон Леџенд е Џон Роџер Стивенс.

- Винона Рајдер е Винона Лаура Хоровиц.

- Мила Кунис името го скратила од Милена Марковна Кунис.

- Алиша Киз била Алиша Огело Феј.

- Тина Феј е Елизабет Стаматина Феј.

- Дрејк го скрати името од Обри Дрејк Греј.

- Менди Мур се вика Аманда Ли Мур.