Концерт на „Танец“ на „Скопско лето“

03.07.2017 13:25

Ова е седмо учество на „Танец“ на скопскиот летен фестивал, а редовно настапува и на Есенските музички свечености...

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер од 21 часот на плоштад „Карпошово востание“ (алтернативно во Музејот на македонската борба)  во рамки на „Скопско лето“ ќе изведе концерт со вокални и инструментални композиции.

Ова е седмо учество на „Танец“ на скопскиот летен фестивал, а редовно настапува и на Есенските музички свечености, кои исто така се организирани од Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

Претходно во Музеј на Град Скопје од 20.30 часот ќе биде отворена изложба на Венко Цветков со наслов „Резонантна фреквенција“, за кој авторот посочува дека е интригантен и ги поврзува сите живи организми.

Претставата „Отело“ на Турски театар-Скопје наместо вечер во рамки на „Скопско лето“ ќе биде изведена во четврток, 6 јули.  Турски театар соопшти дека изведбата се презакажува од технички причини.