Македонија напредуваше две позиции на најновата ФИФА ранг листа

06.07.2017 15:43

„Црвено-жолтите“ се наоѓаат на 134. место со 228 бодови.

Македонската фудбалска репрезентација бележи напредок за две места на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска. „Црвено-жолтите“ се наоѓаат на 134. место со 228 бодови.

Од репрезентациите ривали на Македонија во квалификациската група за пласман на СП 2018 во Русија, најдобро пласирана е Шпанија (11. место), веднаш по неа е Италија (12. место), Албанија се најде на 63. место, Израел е 70-ти, додека најслабо рангиран е Лихтенштајн (191. место).

Промени има на врвот каде се проби Германија пред Бразил и Аргентина. Во ТОП 10 уште се: Португалија, Швајцарија, Полска, Чиле, Колумбија, Франција и Белгија.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 10 август. 

Бранко Чупески