Почнува фестивалот „Пеце Атанасовски“

07.07.2017 10:30

Во Прилеп и на Рудина кај Долнени по 43-ти пат ќе се одржува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. 350 учесници ќе го презентираат богатиот изворен мелос, а за прв пат гајдите, тапаните, зурлите и кавалите ќе одекнат на обновената Рудина и во новиот амфитеатар. Младите се заинтересирани за изворниот мелос...

Вечер во Прилеп, уште повеќе викендов на Рудина кај Долнени ќе одекнуваат гајдите, зурлите, тапаните, кавалите. По 43-ти пат се одржува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Околу 350 учесници од Македонија ќе го претстават богатот изворен мелос.

Изворнта песна утре на Рудина ќе одекне во нов амбиент. По 42 години се уреди лулката на гајдите- Рудина и со амфитеатарот доби нов лик.

Во рамките на фестивалот трета година работи семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Младите ентузијасти заинтересирани за изворното.

Вечер фестивалот ќе го отвори перформансот за фолклорните традиции од Горни Полог насловен „Традицијата оживува“. И годинава ќе бидат доделени гран при наградата за најдобри изведувачи и гајдата на Пеце Атанасовски за најдобриот гајдаџија.

 

Елизабета Митреска