„Ноти за Илинден“ - концерт со настап на Весна Ѓиновска-Илкова

01.08.2017 11:27

На концертот, кој е насловен „Ноти за Илинден“, ќе бидат изведени дела од Моцарт, Бокерини, Качини, Пучини, Пиацола, Брамс, Агостини и Григ.

Во пресрет на националниот празник Илинден, вечер од 20.30 часот на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи концерт на камерен оркестар под диригентство на Бисера Чадловска, на кој солистка ќе биде оперската певица Весна Ѓиновска-Илкова.

На концертот, кој е насловен „Ноти за Илинден“, ќе бидат изведени дела од Моцарт, Бокерини, Качини, Пучини, Пиацола, Брамс, Агостини и Григ.

Празничната програма е дополнета со делото „Тешкото“ на Глигор Смокварски и со фрагмент од балетот „Макеоднска повест“. Ќе настапат обоистите Томе Атанасов и Васил Атансов и Влатко Митев на фолкорен тапан.

Концертот го организира Конгресниот центар „Александар Македонски“, со поддршка на Град Скопје.