Богата музичка програма и над 100 вида пиво на „Пиволенд“

03.08.2017 13:43

Десетто, јубилејно издание на скопскиот фестивал на пивото „Пиволенд“. Традиционално ќе се одржи на скопското Кале, овој пат од 7-ми до 12-ти август. Организаторите најавуваат богата музичка програма, над 100 вида пиво, а за љубителите на фудбалот ќе има и посебни содржини.

Пиво, музика и фудбал- организаторите велат, одлична комбинација за незаборавно доживување. „Пиволенд“ по десетти пат на скопското Кале. Најавена е богата музичка програма и над 100 вида пиво.

Градот за фестивалот издвои 600 илјади денари. Со „Пиволенд“ почнува и големата летна забава „Супер Скопје“ на повеќе локации низ Скопје.

Градоначалникот Коце Трајановски тврди дека градот е подготвен за Суперкупот. Се очекуваат повеќе од 20 илјади странски навивачи. Апелираше цените во овој период неосновано да не се покачуваат за Скопје да остави впечаток на добар домаќин.

Ана Јосифоска- Тодоровска