Почнува Пиволенд 2017

07.08.2017 11:09

На фестивалот ќе настапат бендовите САФ, Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс и Негатив, а за љубителите на фудбалот предвиден е директен пренос на натпреварот Реал Мадрид - Манчестер.

Од денеска до 12-ти август на Скопско кале ќе се одржува јубилејниот, 10-ти по ред, Пиволенд 2017. Пиво, музика и фудбал- организаторите велат, одлична комбинација за незаборавно доживување. Најавена е богата музичка програма и над 100 вида пиво.

На фестивалот ќе настапат бендовите САФ, Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс и Негатив, а за љубителите на фудбалот предвиден е директен пренос на натпреварот Реал Мадрид - Манчестер.

Како посебно интересен, организаторите го најавуваат концертот на девојките од Трибјут ту Бијонсе.