Забрана за работа за 36 фирми кои не ги почитувале препораките за заштита од топлотниот бран

07.08.2017 12:15

Работодавачите не ја почитувале препораката да не се извршуваат дејствија на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Надзор е извршен врз фирми кои се занимаваат со градежништво, земјоделие, комунални услуги, конфекција.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека се извршени 207 инспекциски надзори врз компании во земјава за утврдување дали се почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран.

Донесени се 36 забрани за работа. Работодавачите не ја почитувале препораката да не се извршуваат дејствија на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Надзор е извршен врз фирми кои се занимаваат со градежништво, земјоделие, комунални услуги, конфекција.

Ресорот предупредува дека територијата на земјава е се уште во портокалова фаза и бара да се почитуваат препораките.