АХВ: Во Македонија нема холандски јајца со инсектициди

08.08.2017 15:37

Во Македонија нема увоз на конзумни јајца од Холандија за кои европската комисија предупреди дека се загадени со инсектициди. Единствен увоз на овој производ е од Србија...

Агенцијата за храна и ветеринарство смирува. Во Македонија нема увоз на конзумни јајца од Холандија за кои европската комисија предупреди дека се загадени со инсектициди.

Единствен увоз на овој производ е од Србија. Во првите шест месеци од 2017 година биле увезени вкупно 162.560 килограми конзумни јајца, а во 2016 година 509.402 килограми.

Кај нас, при контролите на домашното производство и на увозот не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедноста.