Реал Мадрид го освои трофејот во УЕФА Супер купот

08.08.2017 23:07

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вечерва во преполната Национална арена „Филип Втори“ во Скопје ја победи екипата на Манчестер Јунајтед со 2:1.

Реал Мадрид е освојувач на УЕФА Супер купот. Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вечерва во преполната Национална арена „Филип Втори“ во Скопје ја победи екипата на Манчестер Јунајтед со 2:1.

Головите за „Кралскиот тим“ ги постигнаа Касемиро (24.минута) и Иско (52). Манчестер преку новото засилување Лукаку во 62.минута само успеја да го ублажи поразот на 2:1

За Реал ова е четврти трофеј во Супер купот, а втор во низа. Манчестер Јунајтед и по трет пат во низа не успева да стигне до трофејот кој „црвените ѓаволи“ го освоија пред 26 години.

Скопје и Република Македонија се покажаа како одлични организатори на овој голем фудбалски настан кој беше пренесуван во над 200 земји ширум светот.