Пет стихозбирки во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“

09.08.2017 11:16

Жири- комисијата ги избра „Со слободна рака“ од Јовица Ивановск; „Напишана тишина“ од Јосип Коцев; „Внатрешни планини“ од Владимир Мартиновски; „Јас. Елегии“ од Михаил Ренџов и „Жива вода“ од Наташа Сарџоска.

Жири- комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик, издадена помеѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата, од пристигнатите 38 книги од 37 автори на конкурсот, направи потесен избор од пет книги.

Жири- комисијата ги избра „Со слободна рака“ од Јовица Ивановск; „Напишана тишина“ од Јосип Коцев; „Внатрешни планини“ од Владимир Мартиновски; „Јас. Елегии“ од Михаил Ренџов и „Жива вода“ од Наташа Сарџоска.

Составот на жири-комисијата, согласно Правилникот за работа, и понатаму останува таен до донесувањето на конечната одлука, информираат од Струшките вечери на поезијата.

Како и во изминатите неколку години во посебна програмска содржина на претстојниот фестивал ќе бидат претставени поетите чии книги се нашле во потесниот избор од пет книги, на ден пред официјалното соопштување на добитникот.

Добитникот на најпрестижното годишно национално признание за поезија во Македонија, наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017, ќе биде соопштен на официјална прес-конференција на жири комисијата која ќе се одржи за време на фестивалот на 25.08.2017 година.

Оваа година СВП за половина го зголеми фондот на најпрестижната книжевна награда за творештво на македонски јазик, а како дел од истата е и превод на книгата на добитникот на еден странски јазик.