НБРМ: Подобрување на состојбата во економијата

09.08.2017 15:49

Расте индустријата, динамизирана е трговијата, забавен е падот кај градежништвото. Сепак, пониските остварувања во првите три месеца се закана за проекцијата за раст од 2,5 проценти.

Народната банка ги скенираше состојбите во домашната економија. Оценето е дека показателите за вториот квартал упатуваат на подобра крвна слика на стопанството.

Расте индустријата, динамизирана е трговијата, забавен е падот кај градежништвото. Сепак, пониските остварувања во првите три месеца се закана за проекцијата за раст од 2,5 проценти.

Каматната стапка на благајничките записи останува непроменета, на ниво од 3,25 проценти. Ликвидносниот потенцијал на банките се намалил во јули, но под влијание на сезонски фактори. Вкупните депозити на месечна основа се зголеми, како резултат на растот кај домаќинствата.

Кредитната активност расте со солидно темпо, и кај населението и кај корпоративниот сектор – соопшти централната банка. Девизните резерви се на стабилно ниво.