Јужнокорејската армија подготвена да реагира на провокација од Пјонгјанг

10.08.2017 11:39

Северна Кореја најави план за лансирање четири ракети од среден дострел кон водите околу островот Гуам во западен Пацифик. Јужнокорејската армија е подготвена да реагира на евентуална провокација од страна на Пјонгјанг...

По жестоката реторика меѓу адмиистрацијата на Вашингтон и владата во Пјонгјанг, Северна Кореја најави план за лансирање четири ракети од среден дострел кон водите околу островот Гуам во западен Пацифик.

Ракетите ќе летаат 1.065 секунди над јапонските префектури Шимане, Хирошима и Кочи со брзина од над 3.000 километри на час.

Јужнокорејската армија е подготвена да реагира на евентуална провокација од страна на Пјонгјанг. Претседателот во Сеул, Мун Џе-ин свика вонредна седница на Советот за национална безбедност.