Шкотска: Нема согласност за Брегзит

10.08.2017 11:48

Шкотските политичари обвинуваат дека по излегувањето од ЕУ, Британија сака да ги преземе речиси сите овластувања што досега му ги префрлаше на Брисел.

Според шкотската Влада, се уште нема услови да се постигне согласност со Британија околу предложениот закон за Брегзит. Најновата рунда преговори меѓу владите во Единбург и Лондон заврши неуспешно.

Шкотските политичари обвинуваат дека по излегувањето од ЕУ, Британија сака да ги преземе речиси сите овластувања што досега му ги префрлаше на Брисел.

Официјален Лондон тврди дека по Брегзит ќе биде потребно да се примени т.н. „општ британски систем“, со што и Шкотска ќе добие низа овластувања што сега ги нема.