Критики кон Путин поради посетата на Абхазија

10.08.2017 13:58

Стејт Департментот го осуди потегот на Москва како непримерен и побара да ги вратат силите на позициите кои се користеа пред конфликтот во согласност со мировниот договор од 2008 година.

Западните влади го критикуваат рускиот претседател Владимир Путин поради посетата на Абхазија со што, според нив, покажал поддршка за сепаратистите.

Стејт Департментот го осуди потегот на Москва како непримерен и побара да ги вратат силите на позициите кои се користеа пред конфликтот во согласност со мировниот договор од 2008 година.

Посетата на Путин беше на годишнината од почетокот на војната меѓу неговата земјa и Грузија, која траеше 5 години. По војната двете земји ги прекинаа дипломатските односи и Русија ги призна Абхазија и Јужна Осетија како независни земји.

Русија и натаму има илјадници војници во Абхазија и Јужна Осетија што Грузија го смета за окупација.