САД: Кореја треба да се плаши

11.08.2017 10:25

Пјонгјанг претходно најави дека за неколку дена ќе објави план за ракетно лансирање во близина на американската пацифичка територија Гуам, клучен играч во воената стратегија во Корејската војна од 50-тите години на минатиот век...

Американскиот претседател Доналд Трамп се повеќе ја заострува реториката против Северна Кореја, потенцирајќи дека земјата треба да е нервозна дури и од помислата на напад врз американската територија или сојузниците.

Пјонгјанг претходно најави дека за неколку дена ќе објави план за ракетно лансирање во близина на американската пацифичка територија Гуам, клучен играч во воената стратегија во Корејската војна од 50-тите години на минатиот век, но и во Виетнамскиот конфликт каде што се користел како база за мисијата во југоисточна Азија.

Шефот на Пентагон, Џим Метис смета дека евентуалната војна меѓу овие две земји би имала катастрофални последици.