Холандија: Апсења поради скандалот со затруени јајца

11.08.2017 11:37

Досега се уништени милиони во Франција, Швајцарија, Германија, Белгија и неколку други земји-членки на ЕУ.

Две лица се приведени во Холандија под сомение дека илегално го користеле инскетицидот фипронил на живинарските фарми, со што го загрозиле јавното здравје. Во полициската акција се вклучи и Белгија.

Досега се уништени милиони во Франција, Швајцарија, Германија, Белгија и неколку други земји-членки на ЕУ. 

Речиси 180 холандски фарми се привремено затворени. Во ЕУ постои забрана за употреба на фипронил кај растенија и животни, кои се користат од луѓе.