Расте тензијата

11.08.2017 13:04

Американските бомбардери во базата „Андерсен“ на стратегискиот пацифички остров Гуам полнат гориво и се вооружуваат...

„Откако американскиот претседател Доналд Трамп дополнително ја заостри реториката кон Пјонгјанг, кинеската влада предупреди: ако Северна Кореја ги нападне САД, Кина треба да остане неутрална, но ако Вашингтон нападне прв, Пекинг ќе го запре“, се вели во државното списание на Кина „Глобал Тајмс“. Оваа земја е најважниот сојузник и трговски партнер на Пјонгјанг и постојано повикува на мирно решение за кризата на Корејскиот полуостров.  Незадоволна е и од нуклеарните проби на Северна Кореја, но и од Сеул и од Вашингтон, чиешто однесување создало провокација и тензии.

Жестоките коментари од Белата куќа следеа по најавата на режимот на Ким Јонг-ун за ракетен напад на пацифичкиот остров Гуам.

„Се подготвуваме за најразлични сценарија во Северна Кореја. Изразија непочитување, рекоа ужасни работи. Да видиме што ќе направат со Гуам. Ако направат нешто, ќе се соочат со досега невидена ситуација. Ќе видите. Нема да му се закануваат ни на Гуам ни на САД“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Шефот на Пентагон Џим Метис смета дека евентуалната војна меѓу овие две земји би имала катастрофални последици.

„Мојата мисија е да располагам со воени опции доколку бидат потребни. Напорите на американската дипломатија имаат резултати. Трагедијата од војната е позната, не мора да ја опишеме со ништо друго освен со „катастрофална“. На наша страна сега застануваат и оние со кои често имаме несогласување за некои прашања. Сите сме едногласни дека ова е глобална закана“, изјави министерот за одбрана на САД, Џим Метис.

Сеул ги повика двете земји да почнат дијалог за намалување на тензиите.

 

Маја Филдишев