ССМ: Реакциите на МТСП се неосновани

11.08.2017 13:14

Според Живко Митревски, министерката Царовска ја крие вистината дека решението за смена на раководството на ССМ го донела противзаконски.

ССМ ги демантира наводите во рекацијата од Министерството за труд и социјална политика. Според Живко Митревски, министерката Царовска ја крие вистината дека решението за смена на раководството на ССМ го донела противзаконски.

Според него, министерката за труд и социјална политика ја злоупотребила својата положба и овластување. Решението е спротивно и на меѓународните конвенции.