Опозицијата обвини за партизација во МВР

11.08.2017 13:19

СДС, според Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ, ја препушта безбедноста на граѓаните во раце на неспособни и непрофесионални кадри, кои имаат за цел да го штитат криминалот на луѓето блиски до врвот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за партизација во Министерството за внатрешни работи. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека за неполни три месеци се поделени 500 решенија за унапредување.

СДСM, според Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ, ја препушта безбедноста на граѓаните во раце на неспособни и непрофесионални кадри, кои имаат за цел да го штитат криминалот на луѓето блиски до врвот.

Под закана се принудуваат професионалци да си потпишуваат барања за прераспоредување, а на нивно место се поставуваат началници со педагошки факултет или друго несоодветно образование, без никаков конкурс или без познавање на областа во организационата единица што треба да ја раководат- изјави Павлоски.

Ваквото незаконско однесување, велат од партијата,  ќе се нотира и санкционира.