Собрание

Нова јавна расправа за стратегијата за бегалци и за странци

11.08.2017 16:21

Во собраниската Комисија за труд и социјална политика, нова јавна расправа за стратегијата за бегалци и за странци. Власта и опозицијата со спротивставени ставови...

На треба да се прифати нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и на странци- оцени градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Според него, предложеното решение на општините им наметнува обврски кои не можат да се исполнат.

Пратениците од власта не присуствуваа на седницата. Сметаат дека претседателот на Комисија го крши Деловникот и не ја почитува листата на пријавени за збор.

За опозицијата е нејасно зошто има толку пропусти во Стратегијата. Одговор побара од Министерството за труд и социјална политика.

Опозицијата е против предложената стратегија, бидејќи смета дека  приоритет треба да имаат домашните граѓани на кои треба да им се обезбедат вработувања и подобар животен стандард.

 

Анита Димитријевска