Почнуваат Струшките вечери на поезијата

23.08.2017 11:18

Официјалното отворање е вечер на платото пред Домот на поезијата со Поетските меридијани...

Со засадување дрвце во Паркот на поезијата во чест на годинашниот лауреат, Чарлс Симиќ, и традиционалното читање на песната „Т'га за југ“, во Струга почнува 56-то издание на Струшките вечери на поезијата. Официјалното отворање е вечер на платото пред Домот на поезијата со Поетските меридијани.

Во катедралната црква Света Софија, в сабота ќе биде претставено творештвото на годинашниот добитник на Златниот венец, а в недела ќе се одржи меѓународен митинг на поезијата „Мостови“, на кој ќе бидат врачени наградите „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“.