Отворен Филмскиот фестивал во Венеција

31.08.2017 11:03

Американските мега ѕвезди Роберт Редфорд, Анет Бенинг, Џорџ Клуни, Џулиен Мур, Хавиер Барден, Пенелопе Круз на црвениот тепих го збогатија отворањето на годинашната „Мостра“.

Со проекција на научнофантастичната драма „Намалување“ на Александер Пејн во која главната улога ја има Мет Дејмон, синоќа почна 74-от Филмски фестивал во Венеција. Американските мега ѕвезди Роберт Редфорд, Анет Бенинг, Џорџ Клуни, Џулиен Мур, Хавиер Барден, Пенелопе Круз на црвениот тепих го збогатија отворањето на годинашната „Мостра“.

Фестивалот трае до 9-ти септември, а ќе продефилираат врвни филмски остварувања. За главната награда „Златен лав“ се натпреваруваат 21 филм.Вкупно ќе биде прикажано 71 филмско оставрување, од холивудски блок бастери до документарци како што е филмот на кинескиот уметник Аи Веивеј за глобалната бегалска криза.