Алаѓозовски во Небрегово: Конески- џин на македонската писменост

07.09.2017 15:45

Нема подобар ден од 8-ми септември, Денот на нашата независност, токму пред куќата на великанот Блаже Конески, да ги истакнеме овие наши цели и нашата силна заложба да продолжиме напред- вели министерот за култура...

Блаже Конески е великан на македонската национална мисла, џинот од Небрегово не задолжи со неговиот огромен придонес за македонскиот јазик и култура, истакнаа учесниците на денешниот свечен собир во родната куќа на Конески во Небрегово, еден од настаните преку кои се слави нашата независност.

„Нема подобар ден од 8-ми септември, Денот на нашата независност, токму пред куќата на великанот Блаже Конески, да ги истакнеме овие наши цели и нашата силна заложба да продолжиме напред - заедно. Преку негување и унапредување на нашиот јазик, нашата култура, нашата уметност и почитување на другите, да градиме едно слободно, креативно, критичко општество. Едно и еднакво општество за сите, во кое јазикот и културата се средство за комуникација, а не за поделби. Заедно да го обликуваме нашиот подобар живот и подобра иднина, во независна и слободна Република Македонија“, истакна министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Министерот за култура посочи и на фактот дека Владата на својата последна седница, одржана пред два дена, усвои мерки со кои се отвораат значајни можности и механизми за унапредување на состојбата со македонскиот јазик.