СКСЗМ: Конкретни мерки за домашните бизниси

11.09.2017 17:01

Владата фокусот да го стави на домашните производители, да обезбеди конкретни мерки за зголемување на понудата- бара Комората на Северозападна Македонија. Приоритет да биде автопатот кон Косово и инфраструкурата во зоната Визбегово...

Макроекеномските показатели не се задоволителни за бизнис секторот, ќе бидеме задоволни ако годинава се постигне раст од 0,7 до 1 насто од БДП, оценуваат од Стопанската комора на Северозападна Македонија. Ставовите ги базираат врз статистичките параметри за остварен негативен раст на Бруто домашниот производ од 1, 8 насто во вториот, 0 насто во првиот квартал. Осврнувајќи се на 100-те дена нова влада, сугерираат- фокусот да се стави на домашните компании, да има пониски каматни стапки, фирмите да можат да користат грантови. Бараат да се деполитизираат државните институции, да се спроведат судските реформи.

„Со фокус на зголмување на домашните производители, со што ќе се овозможи раст на производството и намалување на невработеноста и раст на извозот“, посочува Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северозапдна Македонија.

Од Комората на Северозападна Македонија со став дека ја подржуваат владината мерка за зголемување на минимална плата, субвенционирањето на неколку сектори, но бараат внимателен пристап и транспарентност во распределбата на парите. Задоволни се од повратот на ДДВ.

„ДДВ-то се враќа, но се враќа без некој селективен пристап. Очекуваме компензација на моменталните обврски и побараувања по основ на ДДВ“, вели бизнисменот Џемали Даути.

Како приоритет го посочуваат автопатот кон Косово и решавањето на инфрструктурните проблеми кај Индустриката зона- Визбегово.

 

Сузана Фиданска- Стоевска