Краен рок за пријавување на субвенции

12.09.2017 10:16

Привршува пријавивањето на субвенции. Рокот e до 15-ти септември, до кога земјоделците ќе мораат сами од дома електронски да аплицираат за државната финансиска поддршка преку интернет страницата на Платежната агенција.

До 15-ти септември земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенции.

Од 1-ви септември барањето се поднесува по електронски пат без доставување на документи, а врз основа на претходно евидентираните податоци во Регистарот на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели, пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

Постапката за поднесување барања за директни плаќања е иста како и претходната година. Во моментов тече рокот за аплицирање за субвенции за растителното производство, и тоа за полјоделски и градинарски култури, за одржување на овошни и лозови насади како и за производство на сертифициран семенски и саден материјал.

За сточарското производство се поднесуваат барања за одгледување на говеда, овци, кози, свињи, пчели и живина.

 

Методија Трајков