Русија ќе ги тужи САД поради дипломатскиот имот

12.09.2017 11:40

Засега нема конкретна временска рамка за тужбата. Американските власти на втори септември ги затворија рускиот генерален конзулат во Сан Франциско...

Русија ќе ги тужи САД поради ситуацијата со рускиот дипломатски имот, изјави заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков. Тоа брзо ќе го направиме, нема да го пролонгираме прашањето, посочил тој по состанокот со американскиот заменик-државен секретар Томас Шенон во Хелсинки.

Засега нема конкретна временска рамка за тужбата. Американските власти на втори септември ги затворија рускиот генерален конзулат во Сан Франциско, трговската мисија во Вашингтон и канцеларијата во Њујорк.