Статистика

Раст од 18,3% на бројот на туристи во јули

12.09.2017 13:27

Според податоците на ДЗС, бројот на туристите во јули 2017 година изнесува 153.435, а бројот на ноќевањата изнесува 584.014. Бројот на домашните туристи во јули 2017-та година, во однос на јули 2016-та, е зголемен за 3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 32,8%.

Раст на бројот на туристите за 18,3% и зголемен број на ноќевања за 10,9% во јули годинава, во споредба со истиот период лани, забележа Државниот завод за статистика. Според податоците, бројот на туристите во јули 2017 година изнесува 153.435, а бројот на ноќевањата изнесува 584.014.

Бројот на домашните туристи во јули 2017-та година, во однос на јули 2016-та, е зголемен за 3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 32,8%. Во истиот период, зголемен е и бројот на ноќевања на домашните туристи за 4,4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26,8%.

Во периодот јануари- јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8,3%, а кај странските има зголемување за 17,6%.

Во периодот јануари- јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевања е зголемен за 11,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,6%, а кај странските има зголемување за 17,6%.