Британскиот Парламент и формално го одобри Брегзитот

12.09.2017 13:31

Премиерката Тереза Меј го поздрави гласањето во Парламентот и поддршката за прекин на врските со Унијата...

Пратенците во Британскиот Парламент го усвоија Законот за излез на Велика Британија од Европската унија, со што влегува во следната фаза на парламентарната процедура.

Опозициската Лабуристичка партија се обиде да го блокира продолжувањето на усвојувањето на законоската рамка, со која ќе бидат прекинати политичките, финансиските и правните врски со ЕУ.

Премиерката Тереза Меј го поздрави гласањето во Парламентот и поддршката за прекин на врските со Унијата, нагласувајќи дека одлуката значи дека Лондон може „да продолжи со преговорите на солидни темели“.