Голем пожар над делчевското село Драмче

12.09.2017 16:33

Како што инфромира директорот на Јавното претпоријатие „Голак“, Љупчо Петровски, пожарот ја зафаќа шумата и во атарот на селото Селник. Огнот се доближува до куќи и плевни, но и до црква.

Попладнево избувна голем пожар над делчевското село Драмче, кој уништува голема површина густа борова шума. Според првичните информации од теренот, пожарот почнал од куќа во населбата Стамболиско маало, по што се проширил.

Како што инфромира директорот на Јавното претпоријатие „Голак“, Љупчо Петровски, пожарот ја зафаќа шумата и во атарот на селото Селник. Огнот се доближува до куќи и плевни, но и до црква.

Поради критичната состојба со пожарот, се бара помош и од авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. На делчевска територија ова е прв посериозен пожар ова лето.