Законот за јазиците и три интерпелации во Собранието

13.09.2017 10:29

Минатата недела Комисијата за европски прашања даде зелено светло за Предлог- законот, кој беше со европско знаменце. Пратениците ќе расправаат и за интерпелациите за работата на министрите за финансии, за култура и за животна средина и просторно планирање...

На дневен ред на 15-тата собраниска седница е Предлог- законот за употреба на јазиците. Минатата недела Комисијата за европски прашања даде зелено светло за Предлог- законот, кој беше со европско знаменце.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше и бараше Комисијата за политички систем, како матична комисија да расправа по предлогот, каде што веќе се води расправа.

Опозициската партија смета дека со ова решение се воведува двојазичност на целата територија на државата. Од парламентарното мнозинство, пак, уверуваат дека ова е само унапредување на правата на етничките заедници.

Пратениците ќе расправаат и за интерпелациите за работата на министрите за финансии, за култура и за животна средина и просторно планирање, Драган Тевдовски, Роберт Алаѓозовски и Садула Дураку, поднесени од опозицијата.

На оваа седница треба да се разгледа и Предлог- законот за издавање вредносни бонови- ваучери, во прво читање поднесен од пратениците од опозицијата.