Врховниот суд на САД ја одобри забраната за влез на бегалци

13.09.2017 11:02

Прифатена е жалбата на одлуката на федералниот Апелациски суд која ќе овозможеше пред крајот на октомври да влезат околу 24.000 бегалци.

Американскиот Врховен суд му одобри на претседателот Доналд Трамп да воведе забрана за влез на бегалци од целиот свет во САД. Прифатена е жалбата на одлуката на федералниот Апелациски суд која ќе овозможеше пред крајот на октомври да влезат околу 24.000 бегалци.

Ова не е конечна одлука за мигрантската политика. На 10-ти октомври во Судот ќе бидат сослушани аргументите за законитоста на забраната за влез на граѓани од шесте земји со мнозинско муслиманско население.